Сите цени во оваа Интернет Продавница се во Денари и се конечни на денот на нарачката и се со вклучен ДДВ.

Воедно АРТ ПРОДУКЦИЈА ПЛУС ДОО го задржува правото да врши промена на цените без претходна најава.

За да направите нарачка , најпрво треба да извршите регистрација (најави се) на горниот десен агол на онлине продавницата на Мој Шпајз. Доколку немате профил ја избирате опцијата“Направи Профил“ и ги следите инструкциите.

  Откако ќе ја креирате вашата корисничка сметка, автоматски сте најавени на страната.

  При креирање на нарачката ќе добиете емаил за успешноста на истата , како и профактура или фактура зависно од избраниот начин на вршење на уплатата.

Откажување од нарачката е можно во рок од 1 час одкако е направена и тоа со контакт на 078 348 001.

mojspajz.mk ви овозможува безбедно плаќање на следниве начини:

– Со картички на Visa, MasterCard I Maestro, издадени од било која банка во Р. Македонија. Трансакциите се процесираат со CaSys International  картичниот систем за безготовинско плаќање кој е безбеден и сигурен.

– Во готово при достава на нарачката

– Вирмански со плаќање со уплатница во банка или со интернет банкарство.

Плаќање со платежна картичка

 

При плаќањето на вашите избрани производи со платежна картичка , после потврдата за нарачка , системот ќе ве префрли  на страната ан CaSys , каде безбеднобезбедно ги внесувате податоците од истата, односно Име и Презиме, број на платежната картичка, датумот на важење на истата и CVV кодот кој се наоѓа на задната страна на истгата.

  Откако ќе ги внесете податоците , ја потврдувате нарачката и после 15-тина секунди трансакцијата ќе биде потврдена од страна на системот и плаќањето е извршено.

 При процесот на плаќање вие имате директна поврзаност со системот на наплата и податоците за вашата картичка не се видливи за нашите вработени и истите не се зачувуваат кај нас за да се запази вашата приватност , доверливост и да бидете заштитени.

  Најдобро е плаќањето да го вршите со уред кој е во ваша сопственост , и да избегнувате јавни интернет мрежи , интернет кафеа, идруги туѓи уреди при правење на нарачка.

Плаќање при достава на производите.

Со одбирање на оваа опција , нарачаните производи ги плаќате при превземање на истите на дадената адреса која ја имате наведено за достава. Ова плаќање е во Готово, а при плаќањето и испораката на производите , курирската служба е должна да ви издаде потврда дека е извршена достава на производите.

Вирманско плаќање ос уплатница или електронско банкарство.

Доколку изберете вирманско плаќање на производите , на вашата емаил адреса ќе добиете профактура со сите потребни податоци за вршење на уплатата на производите кои сте ги нарачале. На профактурата ќе бидат содржани бројот на нарачката, кои производи, количината како и податоци за уплата – жиро сметка и примач на уплатата.

Со дадените податоци треба да се изврши пополнување на уплатницата и да ја реализирате во најблиската банка или пошта , или преку профилот кој го имате за интернет банкарство.

Со добивање на потврда за трансакција , од наша страна производите кои се нарачани ќе ви бидат испратени на адресата која ја имате оставено за достава и ќе добиете емаил порака дека уплатата е процесирана , а производот ќе биде испратен со конечната фактура.

Уплатницата треба да ги содржи следните информации:

Цел на дознака: Нарачка број: ( го внесувате бројот од профактурата која ви е испратена на емаил)

Налогопримач: Арт Продукција Плус ДОО

Банка : Уни Банка

Жиро сметка: