Рекламација

При достава на нарачаните производи Ве молиме да извршите проверка на истата да не има оштетување на пакетот во присуството на курирот. Доколку има видливи оштетувања го имате правото да не ја превземете пратката.

При ваков случај контактирајте не веднаш на 078 348 001 или на info@mojspajz.mk со податоци за пратката (број на нарачка) и наведете ги причините поради кои не сте ја превзеле пратката. Ќе ве контактираме во најбрз можен рок за  понатамошна постапка.

 Откако нарачаните производи ќе ви бидат доставени , должни сте да ги прегледате дали се во добра состојба. Доколку имате некаков спор, должни сте во рок од 24 часа од приемот на производите да не известите на погоре посочените начини.

Рефундација

Доколку производот или производите кои ги имате нарачано од нашата интернет продавница не ви одговараат и сакате рефундација, потребно е да истиот или истите ги пратите по курирска служба на адреса ул. Маршал Тито бр. 56 Струмица и притоа трошокот за достава е на ваша сметка.

Производите кои ѓи враќате мора да бидат спакувани во оригиналното пакување , да се неоштетени , не употребени, да е сочуван оригиналниот изглед и фабрички етикети, како и да се врати оригиналната фактура.

По добивање на вратените продукти , доколку ги исполнуваат посочените услови , ќе се изврши рефундација на средствата исклучиво на ваша трансакциска сметка.

Рокот за враќање или рекламација на производот е 7 работни  дена од денот на прием на пратката.

Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот , враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.