Политика на Приватност

 

Собирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со законот за заштитата на личните податоци. Вашите сесии на www.mojspajz.mk се заштитени со насовремена TLS- SSL заштита.

 

ПРИБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас , вашето име и презиме, адреса на живеење, емаил адреса, телефонски број и друго, и се СТРОГО доверливи информации и се користат од страна на www.mojspajz.mk  исклучиво за наши потреби.

 

УПОТРЕБА И ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

 

Мој Шпајз ќе ги употреби вашите лични податоци исклучиво за регистрација или најава на нашата страна , и за техничките потреби за интернет страната за да ви овозможи пристап до специфични информации или  за општа комуникација со Вас. Можеме  да ги искористиме вашите податоци за праќање на одредени информации околу промоции , распродажби , нови производи и друго.

Мој Шпајз нема да ги даде вашите лични податоци на трета страна , и ја почитува во целост вашата доверливост и приватност.

 

При плаќање со платежна картичка , системот ве префрла на безбедносниот протокол за плаќање на CaSys , каде податоците се внесуваат на нивниот безбедносен систем за плаќање. По направениот трансфер , системот кај нас враќа информации за направената трансакција.

 

Доколку направите „Subskribe Us”, значи дека се согласувате да добивате информации за нови производи или промоции на нашата интернет продавница www.mojspajz.mk .

 

COOKIES

 

Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск , овозможувајќи и на нашата интернет страна да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите www.mojspajz.mk . Мој Шпајз  ги употребува Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата интернет продавница.

 

МАЛОЛЕТНИЦИ

 

Арт Продукција Плус ДОО им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци на Арт Продукција Плус ДОО без дозвола од нивните родители или старатели. Арт Продукција плус ДОО никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетни лица , или да ги употреби на некој начин , ниту да ги проследи на трета страна.

 

ПРАВО НА ИНФОРМАЦИИ

 

Доколку имате прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив , ве молиме контактирајте не

 

АРТ ПРОДУКЦИЈА ПЛУС ДОО

ул. Маршал Тито бр. 56

2400 Струмица

Телефон : 078 348 001

 

СЛОБОДА НА ИЗБОР

 

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на Мој Шпајз. Во секој случај ако одлучите да не ги оставите вашите податоци, ве молиме имајте во предвид дека може да не ви бидат достапни некои делови од интернет продавницата.

 

АВТОМАТСКИ СНИМЕНИ ПОДАТОЦИ (НЕ -ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ)

 

Кога ќе се вклучите на www.mojspajz.mk  на Арт Продукција Плус ДОО, општите не-лични податоци (кој интернет пребарувач се користи, број на посети, просечно време поминато на страната и слично) автоматски се снимаат (не како регистрација) . Овие информации се користат за подобрување на изгледот на нашата интернет продавница и за да ја подобриме содржината и функционалноста . Нашата страница користи и cookies од светските провајдери како Google, Facebook и Instagram  за кои  важат нивните изјави за лични податоци.

 

БЕЗБЕДНОСТ

 

Мој Шпајз се грижи да ја обезбеди безбедноста на вашите лични податоци . Вашите податоци се грижливо чувани од губење , уништување и фалсификување , и неавторизиран пристап. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.

 

ВРСКИ СО ДРУГИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИ

 

Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на сите официјални интернет страници во сопственост на Арт Продукција Плус ДОО . Кога ќе ја напуштите интернет страната www.mojspajz.mk , ве молиме бидете свесни и прочитајте ги изјавите за лични податоци на секоја интернет страница во сопственост на трети страни.

 

ОБЈАВА ЗА ПРОМЕНИ

 

Доколку има некои промени во нашата заштита на лични податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страна и на други места за кои сметаме дека се соодветни.